За Компанијата

Logo

International Fresh Food ДОО е компанија со седиште во Скопје, формирана во 2018 година од домашни и странски инвеститори. Компанијата има за цел да започне со производство и дистрибуција на свежо пилешко месо на домашниот пазар и пошироко.

International Fresh Food се стреми кон затворен круг на производство а ова значи дека сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица па се до финален производ, се произведува во Република Северна Македонија.

Проектот на Интернатионал Фреш Фоод предвидува и изградба на сопствена најмодерна кланица во с.Врапчиште-Гостиварско и сопствени фарми во Кочани, Штип, Охрид, Струга, Псача, Ветуница, Карбинци и т.н. Првиот чекор кон реализација на овој проект го почнавме во Псача и понатаму ќе се развива и во другите места. 

Product Image

Врвен квалитет

Современ капацитет со најмодерна опрема согласно највисоките ЕУ стандарди во однос на заштитата на животната средина, здравствената заштита и благосостојбата на животните како и заштитата и безбедноста при работа

Product Image

Еколошки производи

Со производство на домашно живинско месо, ќе се обезбеди пласман на свежо разладено пилешко месо кое ги исполнува најстрогите критериуми за безбедност и квалитет на храна.

Product Image

Светски стандарди

Целокупното производство ги исполнува стандардите и легислативата на ЕУ и посебните стандарди на КФЦ