18 февруари 2021

„Интернационал Фреш фуд“ во мисија за зголемено домашно производство: „Јона пиле“ го освојува пазарот

Конечно во Македонија има сериозно производство на пилешко месо за кое со години се одлеваа милионски суми за увоз. Конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“, составен од домашни и странски инвеститори влезе во бројлерско производство со амбициозен бизнис план и изградба на фарми, кланици и хали низ цела држава. Во период од 4 – 5 години планираат да произведуваат 12, 5 милиони бројлери годишно и со тоа да се заокружи нивниот среднорочнен план.

 – Се започна со влезот и проширувањето на КФЦ во балканските земји. Потребите на КФЦ за пилешко месо се големи и тие побараа регионален добавувач и регионален партнер. Со оглед на тоа дека и од претходно знаевме дека во нашата земја има недостаток на пилешко производство ни се роди идејата за инвестиција во бројлерско производство. Се работи за многу голема инвестиција и заедно со партнерите од нашата држава и од странство донесовме одлука за реализација на идејата – вели Арбен Абдурахмани, познат и почитуван наш стопанственик чија последна инвестиција, како дел од конзорциумот, ја раздвижува економијата на цел еден регион.

На овој начин не само што ќе има намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментот изнесува 95% од домашната потрошувачка, туку и се отвора можност за извор надвор на странските пазари. Планот на инвеститорите е создавање на затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица па се до финален производ.

Покрај во Гиновце и во Врапчиште – Гостиварско, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе. Тоа значи и отворање на повеќе од 3000 нови работни места во оваа бранша и дополнително раздвижување на соработката со кооперанти и домашни производители на репроматеријали.

Производите под името „Јона пиле“ веќе се наоѓаат во малопродажба и потрошувачите можат да се уверат во квалитетот и вкусот на овој наш домашен производ.

Агротим е секогаш за поддршка на домашниот агрокомплекс и во таа насока препорачуваме потрошувачите да се приклучат во мисијата на „Интернационал Фреш фуд“, да го зголемиме домашното производство на храна, а со тоа и можноста за зголемување на обработливите површини и отварање на нови работни места.