10 мај 2021

Копан со надкопан во сос од жалфија и лук

Потребни состојки:

– 400гр. копан со надкопан на Јона Пиле
– 2 чешниња лук 
– неколку гранчиња сува жалфија
– 1 лажичка сенф
– 1 лажичка мед
– сок од портокал (еден портокал)
– маслиново масло
– сол и бибер 
– сув босилок

Начин на подготовка:

Во загреано тавче со маслиново масло, додадете ги копаните, ситно сецканото лукче и жалфијата. Мешајте убаво и гответе околу 10-12 минути. Додадете една лажичка сенф и мед пред крајот на подготовката, и сок од портокал. Гответе се додека не се направи убав сос од соединување на сите состојки. Пред да го извадите од оган, додадете сув босилок, сол и бибер.