18 февруари 2021

Печено Јона Пиле

Состојки: 1 пиле (од приближно 1,6 кг), 2 средни главици кромид,  2 моркова, 2 страка целер, 1 главица лук, маслиново масло, морска сол и свежо мелен црн пипер, 1 лимон, мал врзоп свежи мајчина душица, рузмарин, дафинов лист и жалфија

Приготвување на пилето:

Извадете го пилето од фрижидер 30 минути пред да го ставите во рерна.

  • Загрејте ја рерната на 240 °Ц.
  • Нема потреба да го лупите зеленчукот – само измијте го и грубо исечкајте го.
  • Искршете ја главицата лук на чешниња, оставајќи ги нелупени.
  • Ставете ги зеленчукот и лукот во средината на една голема тава за печење и попрскајте ги со маслиново масло.
  • Попрскајте го пилето со маслиново масло и убаво зачинете го со сол и црн пипер, триејќи ги по целата птица.
  • Внимателно избоцкајте го целиот лимон со врвот на остар нож (ако имате микробранова, ставете го лимонот во неа 40 секунди – ќе пушти навистина убава миризба).
  • Ставете го лимонот во отворот на пилето, заедно со грст од билките.
  • Ставете го пилето врз зеленчукот во тавата за печење и ставете го во загреаната рерна.
  • Веднаш намалете ја температурата на 200°Ц и печете го пилето 1 час и 20 минути.
  • Ако сакате да додадете печени компири и зеленчук, сега е време да ги ставите до пилето и да печете уште барем 45 минути.
  • Прелевајте го пилето со течноста и ако зеленчукот ви се чини сув, додајте малку вода за да не изгори.
  • Кога ќе биде печено, извадете ја тавата од рерната, пренесете го пилето на штица и оставете го така 15-тина минути.
  • Покријте го со фолија и со крпа и ставете го настрана.