18 февруари 2021

Пилешко во бел сос

Состојки:

600 грама бело месо, 1 главица кромид, 400 грама печурки, 500 милилитри павлака, 100 грама кашкавал, 1 лажичка сенф

Начин на подготовка:

Белото место исечете го на парчиња, посолете го и извалкајте го во брашно, па испржете го на загреано масло додека не порумени.Потоа наредете го во стаклен огноотпорен сад и премачкајте го секое парче со сенф.

Во тавата во која се пржеше месото, испржете една ситно сецкана главица кромид, па потоа додадете ги печурките и гответе додека не омекнат.По потреба додавајте малку вода. Смесата потоа прелијте ја врз пилешкото месо.

Во тенџере на оган загрејте ја павлаката, па додадете го кашкавалот кој претходно сте го изрендале и почекајте да се растопи и соедини смесата.

Потоа рамномерно прелијте ја врз садот. Печете во рерна на 180 степени околу 45 минути.