18 September 2021

Пилешка чорба

Потребни состојки:

• 500 грама Јона пилешко месо
• 4 лажици кисела павлака
• 2 моркови и 1 пашканат
• 1 кромид
• 250 грама грашок
•2 компири
•1 јајце
• 1 лажица брашно
• Масло и сол по вкус и желба
• Црн пипер по вкус и желба

Начин на подготовка:

Започнете така што ќе ја исецкате главицата кромид на ситни парчиња, а потоа исто така исецкајте ги ситно и морковите, пашканатот и компирот.

Пилешкото Јона треба да го исецкате на што помали парчиња и да го зачините со сол и црн пипер.
Запржете го најпрвин кромидот на тивок огaн и потоа додадете ги исецканите морковите и пашканатот.
Во истиот сад (тенџере) додадете го ситно сецканото пилешко месо и добро промешајте и пропржете го неколку минути. Кога месото ќе добие боја, намалете го огaнот и поклопете го да одстои за да впие од другите мириси и вкусови во тенџерето. На крај додадете го грашокот и ситно сецканите компири, промешајте и на тивок оган пропржете.


Во тенџерето наполнете топла 1,5 литар вода и полека мешајте додека се кркча на огaнот. Оставете 45 минути да се крчка на огaн додека вие на страна можете да изматите 1 јајце со 4 лажици кисела павлака и 1 лажица брашно. Мешајте добро за да се соедни и изедначи смесата. На крај додадете је смесата во тенџерето. Зачинете со сол, црн пипер и малку магдонос по ваш вкус. Нека одстои поклопено на тивок оган околу 15 минути за вкусевите да се впијат.
Добар апетит!

Similar recipes