06 April 2021

Пилешко филе Јона во комбинација со црн сусам, авокадо и потпечени фстаци

Потребни состојки:

  • 300 грама пилешко филе Јона
  • 1 зрело авокадо
  • Неколку листови зелена салата
  • Неколку листови свежа рукола
  • Малку свеж беби спанаќ
  • 100гр. фстаци (несолени)
  • 2 лажички црн сусам
  • 50мл. маслиново масло
  • Сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

Исечете го Јона пилешкото филе на долги парчиња. Ставете го во загреано маслиново масло и пржете околу 10-15 минути. Додадете зачини и црн сусам. Промешајте убаво. Во длабок сад, ставете ги листовите зелена салата, свежа рукола, беби спанаќ и додадете го прженото пилешко месо. Исечете го авокадото, и додадете го врз пилешкото месо. На страна во тавче, потпечете ги фстаците, а потоа додадете ги врз пилешкото и авокадото.

Similar recipes