Визија

Logo

Визијата на Компанијата е преку изградба на сoпствени инкубаторски станици, фарми за бролјери, сопствена кланица и фабрика за производство на сточна храна да креира затворен круг на производство на свежо пилешко месо со врвен квалитет и пласирање до потрошувачите на најквалитетен 100% домашен производ.

Главната цел и фокус на компанијата е да пласира на домашниот како и странскиот пазар свежо пилешко месо а притоа да се запазат сите најсовремени Европски пракси и стандарди за безбедност на храна. 

Имајќи во предвид дека еден од партнерите е и носител на франшизата на KFC за Балканските држави, се надеваме во блиска иднина нашите производи да ги пласираме и за KFC но не само на Балканот туку и во Европа.

Јона Пиле за вас и вашето семејство