Квалитетно пилешко, од фарма до трпеза.
Нашето производство се темели на високи стандарди, со фокус на безбедноста на храната, постојаниот квалитет и навремената испорака.
Водени од искуството.
Посветени на квалитетот.
Интернешнал Фреш Фуд е еден од етаблираните производители на пилешко месо во Северна Македонија, со дејност што ги опфаќа одгледувањето живина, преработката на пилешко месо и дистрибуцијата низ целата држава.
Во нашето работење обезбедуваме постојан квалитет, безбедност на храната и навремена испорака преку внимателен надзор над фармите, производствените капацитети и дистрибутивната мрежа.
Од 2018 година континуирано инвестираме во современи производствени капацитети, напредна технологија и ефикасни процеси, со цел свежите пилешки производи да бидат достапни за потрошувачите на домашниот пазар.
Како компанија која постојано расте, ги унапредуваме нашите капацитети и го прошируваме присуството на пазарот. Притоа градиме долгорочна соработка со трговските синџири, дистрибутерите и партнерите од ХоРеКа-секторот, истовремено зајакнувајќи ја довербата на потрошувачите.
Нашиот производствен процес
Нашата дејност и процес на работа вклучува одгледување на живина, производство на пилешко месо, контрола на квалитет и дистрибуција.
Фарми
На нашите фарми, пилињата се одгледуваат според утврдени стандарди, со секојдневна грижа за нивното здравје и правилен развој.
Исхрана
Во текот на целиот период на одгледување, внимателно се грижиме за исхраната и здравјето на живината. Набавуваме храна со избалансиран нутритивен состав без додадени хормони, и која не содржи ГМО, следејќи ги утврдените ветеринарни протоколи.
Преработка
Процесот на производство се темели на HACCP системот и вклучува контроли во секоја фаза, со цел да се одржат високи стандарди за хигиена, безбедност на храната и квалитет на производите.
Квалитет и безбедност на храна
Контролата на квалитетот и постапките за безбедноста на храната се наш приоритет. Во целиот процес производството и пакувањето се одвиваат во согласност со барањата за Халал-сертификацијата. Производите ги исполнуваат утврдените критериуми за Класа А пред пакувањето, овозможувајќи високи стандарди за истите.
Дистрибуција
Нашата дистрибутивна мрежа овозможува производите навремено да стигнат до клиентите, обезбедувајќи редовна испорака до трговските синџири, дистрибутерите и партнерите од ХоРеКа секторот.
Откријте ги производите на JONA →- 01 8 Производствени фарми
- 02 1 Милион Бројлери произведени годишно
- 03 100 + Малопродажни и HoReCa партнери
Квалитетот е составен дел од секоја фаза на нашето работење, преку јасно утврдени стандарди, внимателен надзор и редовни контроли. Производствените процеси се спроведуваат со посебен фокус на хигиената, безбедноста на храната, и одржувањето постојан квалитет на производите.
Воспоставените системи за квалитет го зајакнуваат нашиот пристап, давајќи им на клиентите и партнерите доверба во конзистентноста и сигурноста на производите што ги испорачуваме.
- 01 Одбрана ИСХРАНА
- 02 ПРОИЗВОДСТВО ПОД ПОСТОЈАН НАДЗОР
- 03 ВИСОКИ СТАНДАРДИ
ИМАТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА?
Контактирајте нѐ преку пополнување на формуларот, и нашиот тим ќе ви одговори во рок од 24 часа за сите информации околу спецификациите на производите, цените, како и можностите за соработка.
Google Maps
Оваа карта е обезбедена од Google и бара колачиња од трети страни за да се вчита. Овозможете содржина од трети страни за да ја видите тука.
Отвори во Google Maps ↗Нашите сертификати
Проверено пред да стигне на полицата.
-
Без хормони
Нашите кокошки се одгледуваат без хормони, од фарма до преработка.
-
Храна без ГМО
Храната се произведува во сопствениот капацитет и е верификувана дека не содржи ГМО состојки.
-
Халал сертификат
Секоја фаза, од колење до пакување, ги следи барањата за Халал сертификација.
-
Класа А
Секој производ ги исполнува стандардите за Класа А за квалитет и свежина пред пакување.

