07 October 2021

Пилешки копан и надкопан со зеленчук

Потребни состојки:


• 5 копани со надкопан
• 5 црвени пиперки
• 2 големи главици кромид
• 4 големи моркови
• доматно пире
• по желба сол и бибер и зачин

Одделете ги копаните од надкопаните. Зачинете го месото со сол и бибер. Исечете ги пиперките на коцки, исечете го кромидот и морковите на кругови. Истурете го зеленчукот во садот за печење, додадете доматно пире, зачинете со сол, бибер и зачин по ваша желба.

Добро промешајте и наредете го пилешкото месо над зеленчукот. Покријте и ставете во рерна 60 минути на 200 °C. Потоа отстранете го капакот и печете уште 15 до 20 минути додека пилешкото не добие боја. Совет плус, како прилог можете да ставите варен ориз. Добар апетит!

Similar recipes